ПОВИК ЗА МЛАДИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКИ

ПОВИК ЗА МЛАДИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКИ

За повикот

Преку проектот ќе се одржат вкупно 12 обуки наменети за млади вработени во социјални претпријатија и невработени млади лица од ранливи групи на граѓани, со цел да намалат и неутрализираат предизвиците со кои младите се соочуваат во нивните обиди да основаат сопствено социјално претпријатие и ќе им помогнат во
нивниот професионален раст и развој. Обуките ќе бидат поделени во три програми:

  • Обуки за меки вештини, со кои најмалку 100 невработени млади лица и млади лица вработени во социјални претпријатија ќе развијат меки вештини како комуникација, лидерство, тимска работа, професионални вештини, ИТ меки вештини, итн. Обуките ќе се одржуваат со физичко присуство, имајќи предвид дека меките вештини полесно се пренесуваат во живо. Секоја од обуките за меки вештини ќе трае 3 дена.
  • Обуки за претприемништво, со кои најмалку 100 невработени млади лица ќе се стекнат со потребните знаења за основање и управување со сопствено социјално претпријатие, како развој на бизнис план, запознавање со законските и административните одредби за започнување и управување со социјално претпријатие, управување со човечки ресурси, вмрежување итн. Секоја од обуките за претприемништво ќе трае 2 дена и истите ќе се одвиваат онлајн.
  • Обуки за прибирање средства и за комуницирање со заедницата, со кои најмалку 100 потенцијални млади претприемачи и млади лица вработени во постоечки социјални претпријатија ќе бидат обучени како успешно да водат кампања за прибирање финансиски средства за нивното социјално претпријатие и како да комуницираат со нивната заедница и целна група. Обуките ќе траат 2 дена и ќе се одржуваат онлајн.

Услови и обврски за учество во обуките

Заинтересираните кандидати за учество во обуките преку проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување, потребно е да:

  • Се млади лица на возраст од 18 до 29 години;
  • Да се невработени млади лица;
  • Да се вработени/ангажирани во социјално претпријатие.

Начин на пријавување

За пријавување, заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот достапен на овој линк. Повикот ќе трае се додека не се пополнат сите места. Штом ќе се пријават 25 лица, ќе се формира група и ќе се одржи обуката.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на mladipretpriemaci@mladipretpriemaci.mk или на 078 350 531.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. View more
Прифаќам/Accept