Short Story

ALLKND е непрофитна организација, водена од генерација Z млади, која има цел да го подобри менталното здравје кај младите преку креирање на првата дигитална програма за прва помош за ментално здравје во Австралија од страна на врсници.

Сиднеј, Australia

Прва помош за менталното здравје на младите

0den Pledged
0 Backers
0 Days Left
Raised:
0%
Goal: 300,000den
Minimum amount is ден10 Maximum amount is ден5000
den
3 Campaigns | 0 Loved campaigns

Story

Кои сме ние?

Ние имаме мисија да влијаеме на 1000 и 1 од вас и да ја подобриме благосостојбата кај младите во Австралија.

Креиран на начин кој ве има вас и вашите пријатели на ум, нашиот тим од психолози и експерти користи истражувања засновани на докази со цел да ве наоружи со знаења и вештини потребни за поддршка на менталното здравје од страна на ваши врсници.

Нашиот тим од психолози и специјалисти за комуникација користеа неколку инстражувања со цел да ја изгради дигиталната програма, Brain Pilot, со надеж дека ќе ја подобри отпорноста и самоефикасноста на младите луѓе за менталното здравје како и самодовербата во обезбедувањето поддршка на врсниците.

Бонус! Имаме и апликација наречена MAYDAY – која е замислена како придружник и дигитален водич во време на личната или врсничката ментална здравствена криза.

Имаме и грицки! Затоа, поддржете нѐ нас – ќе ве изненадиме!

Дојдете и седнете со нас

Со цел да го зголемиме нашето влијание, ќе ни требаат одредени средства. Поточно околу 10.000 долари. Ако можевме ќе ги користевме парите од Монопол со цел да ги платиме нашите сметки, но ќе ни треба биде потребна вашата финансиска поддршка со цел:

  • Да ангажираме фасилитатори на работилници кои ќе спроведуваат работилници за менталното здравје
  • Да ја хостираме нашата програма за прва помош за ментално здравје на најефективната достапна платформа за учење
  • Да ангажираме млади кои ќе го координираат лансирањето на нашата дигитална програма за прва помош за ментално здравје, Brain Pilot
  • Да спроведуваме студии за мерење на ефективноста на нашите програми и севкупните младински искуства и ставови кон менталното здравје во Австралија (во партнерство со Институтот за истражување за општествени науки на главниот универзитет)
  • Да обезбедиме можности за стипендирањe на младите луѓе за обука за прва помош за ментално здравје преку Brain Pilot
  • Да му платиме на Том Хенкс да ги сними нашите едукативни анимации (we wish)

 

Бидејќи нашите програми

  • Се опширно истражувани во однос на квалитетот и ефикасноста во нашата „KND“ лабораторија од страна на нашите светски познати истражувачки партнери
  • Го олеснуваат пристапот до квалитетни, сигурни и актуелни информации за менталното здравје
  • Ги преточуваат новите докази во пракса на начин кој е практичен и одржлив
  • Функционираат со емпатија и внимание со цел да се поттикне и охрабри доброто ментално здравје
  • Ја подобруваат околината, културата, свеста за менталното здравје
  • Потврдуваат дека сме лидери во превенција и промоција на менталното здравје
  • Имаат можност да допрат до целната група, онлајн и офлајн
  • Активно ги мерат резултатите во партнерство со Институтот за истражување за општествени науки на главниот универзитет

Приклучете ни се!

ALLKND е непрофитна организација со седиште во Австралија. 100% од нашите донации ќе се користат за подобрување на менталното здравје на младите.

Посетете ја нашата веб-страница за да дознаете за нашите активности: https://allknd.org/