Завршна конференција „Социјално претприемништво за младинско вработување”

Завршна конференција „Социјално претприемништво за младинско вработување”

Ни претставува вистинско задоволство да Ве поканиме на завршната конференција во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување”. Конференцијата ќе се одржи на 12 декември (вторник), со почеток од 10:00 часот, во хотел Лимак – Скопје.

Конференцијата ќе биде отворена со воведни обраќања од страна на Мариана Ангелова, Генерален секретар на НМСМ и претставник на Делегацијата на ЕУ.

Ќе се одржат и две панел дискусии на тема „ЕДНА ГОДИНА ПОДОЦНА – ШТО СЕ СМЕНИ?“, на кои повеќе социјални претприемачи, грантисти на проектот, ќе ги презентираат промените што произлегле во нивната заедница како резултат на нивните проекти.

Помеѓу панел дискусиите планирани се и keynote обраќања од Министерката за труд и социјална политика, како и од директорот на Агенција за вработување.

Последниот дел од настанот е предвиден за работа во групи на тема „Кои се следните чекори?“, во кои ќе се дискутира за иднината на социјалното претприемништво и како младите можат да го почувствуваат бенефитот од истото.

Целосната АГЕНДА за настанот, каде се наведени и сите учесници и говорници, е достапна ТУКА.

Вашето присуство на оваа конференција може да го најавите со пополнување на овој ФОРМУЛАР, најдоцна до 08 декември (петок).

Ве очекуваме.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. View more
Прифаќам/Accept