Што е Социјално претприемништво?

Што е Социјално претприемништво?

Последните неколку години постои растечки тренд во корпоративната општествена одговорност, нови врсти на социјално инвестирање, како што е импакт инвестирањето и основањето на нови социјални и еколошки претпријатија.

Постојат повеќе дефиниции за тоа што е социјално претприемништво. Во Предлог – Законот за социјално претприемништво, е предложена следнава дефиниција:

“Социјално претприемништво, претставува организирана дејност со цел за креирање на можности, облици, организации и мерки кои резултираат во оддржливи општествени вредности и корисности, вработување на лица во производство и продажба на производи или услуги каде што добивката не е единствена или главна цел на активност, односно добивката се користи за вработување на одделни социјално исклучени или ранливи општествени групи и за решавање потреби и проблеми во заедницата”

Социјално претприемништво може да се дефинира како бизнис модел преку кој индивидуи, стартапи и претприемачи работат за да остварат некаков профит, истовремено развивајќи решенија кои директно адресираат социјални проблеми.

Социјален претприемач претставува лице кое истражува бизнис можности кои исто така можат да имаат позитивно влијание врз својата заедница и општество.

Социјалните бизниси можат да вклучуваат било какви активности кои што ја подобруваат социо-економската благосостојба, преку креирање на нови стартапи или пак воведување иновативни практики во веќе постоечки организации/компании.

Иако понекогаш се помешуваат со непрофитни организации, социјалните претпријатија работат за профитни цели, со тоа што поголем акцент е ставен на социјални или еколошки промени, како на пример воведување на еколошки (eco-friendly) производи, вработување на лица од социјално загрозени групи или пак други на филантропски активности.

Има многу придобивки од социјалното претприемништво, а дел од нив се:

  • Подигнување на свеста за социјални проблеми
  • Охрабрување на општествена одговорност и транспарентност
  • Популаризирање на одржливи бизнис практики
  • Подобрување на условите за работа
  • Охрабрување на општествено одговорен консумеризам
  • Креирање на култура која користи технологија за општествени цели
  • Забрзување на развојот на бизнисите и технологијата преку решавање на социјални проблеми
  • Претставуваат процес на ко-креација заедно со граѓаните

Социјалните претприемачи се важни актери и креатори на социјална трансформација и се еден од поглавните катализатори на развој.

За успешно остварување на идеите за социјално претприемништво, потребни се извори за финансирање. Во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, во 2022 година подготвуваме многу активности, меѓу кои е и отворен повик за грантови за 10 социјални претпријатија.

Следете нѐ на социјалните мрежи за навремено да дознаете за сите можности во следниот период!

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. View more
Прифаќам/Accept