www.mladipretpriemaci.mk претставува веб платформа која служи:

  • како алатка за прибирање на средства во форма на донации за формирање на нови младински социјални претпријатија, 
  • како можност за промоција на идеи за младинско социјално претприемништво,
  • ресурс за нови и постоечки социјални претпријатија
  • можност за обуки, вебинари и тренинзи, и
  • Регистар на социјални претпријатија во нашата земја.

Национален младински совет на Македонија, преку проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“ ја има дизајнирано, развиено и издадено веб платформата www.mladipretpriemaci.mk, која ќе може да се користи од постојните социјални претпријатија како и на нови иницијативи за креирање социјални претпријатија.

Платформата исклучиво се користи од страна на регистрираните корисници за објавување на иницијативи и прибирање на средства. Корисниците можат да објават иницијативи со цел да обезбедат финансиски средства за нивните цели.

 

Правила и услови за употреба на mladipretpriemaci.mk

Со самата најава на платформата mladipretpriemaci.mk се смета дека ги прифаќате правилата и условите за користење на платформата.

mladipretpriemaci.mk е платформа која служи за прибирање средства во форма на crowdfunding за идеи за воспоставување на социјални претпријатија во Северна Македонија.

mladipretpriemaci.mk прави размена на податоци и информации, преку кои иницијативи за основање на социјални претпријатија објавуваат профил со повик за финансирање во форма на донации.

Дефиниции на често користени поими и изрази

Под лични податоци се подразбираат податоци и  информации кои се однесуваат на идентитетот на физичкото лице или физичко лице кое може да се идентификува, а чии што лични податоци се заштитени со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Правила кои се однесуваат на корисниците

 За да може да ја користи платформата mladipretpriemaci.mk, креаторот на иницијатива потребно е да креира кориснички профил и на тој начин се регистрира на платформата.

Профилот на иницијативата може да се користи исклучиво за информирање, барање и прибирање на средства. Иницијативите на својот профил доброволно внесуваат податоци за назив на иницијативата, опис на иницијативата и слично.

Доколку креаторот на иницијатива го користи својот профил за некоја друга цел, спротивна од онаа за која е наменета платформата, mladipretpriemaci.mk ќе го блокира профилот и истиот ќе го отстрани од платформата.

Правила кои се однесуваат на корисниците – креатори на иницијатива

За да може да ја користи платформата mladipretpriemaci.mk, корисникот – креатор на иницијатива, потребно е да креира кориснички профил и на тој начин се регистрира на платформата. Корисниците на својот профил доброволно внесуваат податоци за назив на иницијативата, поле на дејност, опис на иницијативата и слично.

Корисниците кои се регистрирани на платформата можат во секое време да објавуваат профил за иницијативата и да следат статистика на собрани средства.

Корисникот не може да го користи профилот во платформата за активности кои:

– Повредува закон, патент, авторско право, трговска марка, деловна тајна или друго право на друго физичко или правно лице,

-Дискриминираат, клеветат, измамуваат или ја нарушуваат приватноста и личните податоци на трети лица,

-Содржат говор на омраза,

-Да копираат активности од другите корисници,

-Неовластено се претстави во име на операторот.

Секоја иницијатива која се подготвува за објавување на платформата ќе биде предмет на одобрување со цел утврдување дали истата ги исполнува целите за кои е поставена платформата. Сепак, содржината на самата иницијатива е целосна одогворност на корисникот, и корисникот е должен содржината да е усогласена со позитивните прописи за заштита на личните податоци и другите законски обврски.

mladipretpriemaci.mk може во консултација со корисникот да го модифицира профилот или да направи измени во смисла на поправање на правописни грешки, може да го избрише профилот доколку истиот е нецелосен, содржи навредливи, несоодветни, неморални или дискриминирачки содржини кои се спротивни на Уставот и законите во РСМ, како и доколку со огласот се врши самопромоција на компанијата.

 

Процес на регистрација

Секое социјално претпријатие или креатор на иницијатива може бесплатно да се регистрира во платформата за користење на истата. Регисрацијата е предмет на одобрување од нашите администратори.

Со цел успешно регистрирање, односно креирање на профил задолжително е да ги внесете следните податоци:

  • За правни лица: назив, телефонски број,  е-маил адреса
  • За физички лица: име и презиме, телефон, е-маил адреса

Забрането е користење на навредливи, вулгарни или непристојни кориснички имиња. Истото претставува основ за одбивање на регистрацијата и пристап до платформата.

Лозинката за користење на профилот го одбира самиот корсиник, и истата треба да содржи минимум 8 карактери од кои минимум една голема буква, една мала, еден специјален карактер и број. Должни сте да не ја споделите лозинката со никого.

Во случај на заборавање на лозинката, нашите администратори ќе ја ресетираат по утврдување на корисникот, при што ќе може да одберете друга лозинка со почитување на точка 4 од оваа одредба.

НМСМ го задржува правото да одбие регистрација или да укине корисничко име, доколку истите не ги исполнуваат условите или не се придржуваат на правилата за користење на платформата.

 

Правила за исплата на собраните финансиски средства

Исплатата на прибраните срества преку платформата mladipretpriemaci.mk се вршат на банкарска сметка на правното лице за кое се креира кампањата. 

Креатори на иницијативи кои се индивидуалци или неформална група (нерегистрирани субјекти) имаат рок од еден месец за регистрирање на правен субјект кој почнува да тече од времето на завршување на нивната кампања поставена на веб сајтот или по истекување на првите 6 месеци од кампањата (за кампањи подолги од 6 месеци). 

Креатори на иницијативи за кои постои правен субјект имаат рок од еден месец за испраќање на податоци за склучување на договор, кој почнува да тече од времето на завршување на нивната кампања поставена на веб сајтот или по истекување на првите 6 месеци од кампањата (за кампањи подолги од 6 месеци).

НМСМ склучува договор со правните субјекти за кои се креираат кампањите со цел исплата на прибраните средства. 

Банкарската провизија се одзема од вкупната сума која треба да се префли на субјектот.

За кампањи пократки од 6 месеци, прибраните средства се префрлаат на сметка на корисникот на донацијата по завршување на кампањата. 

За кампањи подолги од 6 месеци, прибраните средства во периодот од 6 месеци се префрлаат на сметка на корисникот на донациите по изминување на секои 6 месеци од кампањата.

Корисникот самостојно го избира времетрањето на кампањата согласно условите на платформата. Кампањата се завршува по изминување на времетраењето или по прибирање на предвидените средства.

Заштита на личните податоци

НМСМ има подготвено и објавено политика за приватност која ви е достапна при самото креирање на профил. Податоците за активностите на профилот се чуваат се до моментот на затворање на профилот или на ваше барање за бришење на податоците. Податоците за донираните средства се чуваат во согласност со законските прописи кои се применуваат за донации и истите нема да бидат унишетни на ваша барање.

Корисникот е должен да обезбеди усогласеност со Законот за заштита на личните податоци при составување и објавување на своите иницијативи.

По извршената регистрација и активирање на корисничкиот профил (преку линк испратен до внесениот е-маил на корисникот) корисниците – креатори на иницијатива, во дадените формулари доброволно внесуваат одредени лични идентификациски податоци.

Со користењето на mladipretpriemaci.mk платформата односно со самото креирање на корисничкиот профил, корисниците – креатори на иницијатива даваат согласност да се собираат и обработуваат нивните лични податоци.

Корисниците – креатори на иницијатива внесените лични податоци како име и презиме, е-маил, линк до своите социјални мрежи, податоци за иницијативите, ги прават да бидат видливи за потенцијалните донатори.

Во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци, дадената согласност за собирање и обработкa на на личните податоци се дава исклучиво со цел промоција на социјални претпријатива и нивно прибирање на финансиски средства, вршење на други активности кои се строго поврзани со промоција на платформата или crowdfunding и истите не може да се употребат за друга цел. Употребата на личните податоците за било која друга цел (копирање, дистрибуција и сл) без согласност дадена од mladipretpriemaci.mk платформата или креаторите на иницијативи е строго забранета и за истата mladipretpriemaci.mk ќе ги извести сите надлежни институции со цел да се преземат соодветни мерки.

Корисниците – креатори на иницијатива можат во било кој момент да ја повлечат дадената согласност за собирање и обработка на нивните лични податоци односно да го деактивираат својот кориснички профил, без никакво дополнително објаснување.

Одговорност за точноста на податоците

mladipretpriemaci.mk платформата не е одговорна, ниту пак ја гарантира точноста на достапните лични податоци, контакти, карактеристики и сите останати информации наведени од страна на креаторите на иницијативи.

mladipretpriemaci.mk платформата не е одговорна за нанесување на било каква штета ниту на креаторите на иницијатива, ниту на донаторите што би можела да им се нанесе со злоупотреба на погрешни податоци од страна на креаторот на иницијатива, донаторот или трети лица. Со самото користење на платформата, креаторот на иницијатива и донаторот се одрекуваат од барање на било каков надомест за штета, материјална или нематеријална.

Авторски права

Изгледот на mladipretpriemaci.mk платформата, содржината, цртежите, табелите, изгледот на профилите, компјутерските програми, табели, скици и сл. се авторско дело и се во сопственост на mladipretpriemaci.mk. Истите како такви се заштитени со Законот за авторски и сродни права.

НМСМ нема да ужива авторски права на содржините на инцијативите. Авторските права се исклучиво на корисниците на платформата.

Измена на правилата и условите за употреба

mladipretpriemaci.mk го задржува правото да ги менува и дополнува условите и правилата на употреба, во кое било време и секоја измена влегува во сила веднаш по нејзиното објавување на нашата платформа. Понатамошниот пристап и користење на платформата по објавените измени значи дека корисникот ги прифаќа истите.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. View more
Прифаќам/Accept