ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Ги замолуваме корисниците на платформата mladipretpriemaci.mk внимателно да ја прочитаат Политиката на приватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информациите што платформата ги собира од нив. Со Вашиот пристап и со користењето на оваа платформа, Вие како корисник изјавувате и потврдувате дека сте се запознале и во потполност сте ги разбрале условите и начинот за користење на оваа платформа и Политиката за приватност и ја давате својата согласност за собирање, користење и употреба на вашите лични податоци. Доколку не ја прифаќате нашата Политика за приватност и не се согласувате со условите за користење на нашата платформа, Ве молиме да не пристапувате и да не ја користите истата.

СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ

Со самото пристапување и вклучување кон оваа платформа, од вас како корисник ќе бидат побарани одредени лични податоци. Во зависност од активноста некои од податоците се задолжителни, а некои се доброволни. Доколку корисникот не достави некој податок што е задолжителен нема да може да ја користи оваа платформа.

Корисникот на платформата гарантира за точноста на внесените податоци. mladipretpriemaci.mk не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни. Со самото прифаќање на платформата се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработката на неговите лични податоци. Кога корисникот ќе ја посети платформата, mladipretpriemaci.mk може автоматски да ги собираат неговите лични податоци, со помош на достапните електронски алатки.

Прибирањето на вашите лични податоци собрани преку платформата е во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во РСМ. Целта за собирање на лични податоци е промовирање на социјални иницијативи и бизниси и прибирање на средства за социјални претпријатија. Вашите лични податоци ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани и истите нема да се користат за друга намена. Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука заснована на закон.

БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Вие како Корисник може да пристапите до своите лични податоци на нашата платформа со внесување на своето корисничко име и лозинка, кои треба да се разликуваат и ќе ви бидат познати единствено вам. Препорачуваме лозинката да биде составена од комбинација на најмалку осум алфанумерички карактери, букви (мали и големи), симболи, броеви и интерпукциски знаци и никому да не ја откривате истата. Не заборавајте да се одјавите од вашиот профил кога ќе завршите со користење на истиот. Ова е за да се обезбеди дека другите нема да можат да пристапат до вашите лични податоци и информации, доколку делите компјутер со други лица или користите компјутер на јавно место.

Секогаш кога mladipretpriemaci.mk платформата се служи со вашите лични податоци и информации, ги презема сите чекори кои се наведени во оваа политика со цел да обезбедиме вашите податоци да се третираат целосно безбедно.

СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

mladipretpriemaci.mk ги споделува податоците и информациите на корисникот со неговите соработници со цел остварување на целта за која се собрани истите.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

mladipretpriemaci.mk презема мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки со цел да се обезбеди заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, губење, менување, неовлaстено откривање на личните податоци или неовластен пристап до преносителите како и заштита од какви било неовластени и незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Целокупната документација за софтверските програми за обработка на личните податоци и сите негови промени се евидентира и чува во согласност со Правилникот за безбедност на обработка на личните податоци. За да се обезбеди сигурност на личните податоци на корисникот, истите се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само лица кои имаат овластување за пристап, при што се врши енкриптирање на одредени чувствителни податоци и информации. Сепак, мора да се напомене дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај тоа што се преземаат разумни мерки за заштита на личните податоци, не може да се гарантира апсолутна заштита на која било информација пренесена на или од нашата платформа.

АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ

Корисниците можат во секое време да извршат промени односно да направат ажурирање на податоците и информациите наведени во својот профил.

СЛЕДЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ – “Cookies”

Поради подобрување и унапредување на функционалноста на платформата и нејзино прилагодување кон потребите на корисници на истата, mladipretpriemaci.mk може да употребува “Cookies” или слични технологии за следење на информации за посетителите.“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата-платформата, но не се поврзуваат со вашите лични податоци кои сте ни ги доставиле. Лични податоци не можат да се прибираат преку cookies или друга технологија за следење, но истите се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на движењето и број на посетители на платформата како и употреба на платформата од страна на посетителите.

На платформата има само одреден тип на “Cookies” кои што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што истиот има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги одбијат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од платформата може да не функционираат како што е предвидено.

Со користењето на нашата платформа, со прифаќање на “Cookies” и политиката за приватност, вие изречно давате согласност за употреба на “Cookies” или други слични технологии за следење, како што е опишано во оваа политика за приватност.

ПОЛИТИКИ ЗА ПРИВАТНОСТ НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за приватност се однесува на собирање, заштита, споделување и употреба на податоците и информациите кои ние ги собираме од вас како корисник преку mladipretpriemaci.mk платформата.

Доколку ги користите екстерните линкови на нашата платформа со цел да пристапите до веб-страните на трети лица, треба да знаете дека тие веб-страни не се предмет на Политиката за приватност на mladipretpriemaci.mk, така што ние не сме одговорни за нивното работење. Доколку одлучите да ги употребувате екстерните линкови на нашата платформа, пред да пристапите на некоја од веб-страните претходно проучете ја политиката на приватност на веб-страната на третото лице, начинот и условите на работење на нивната веб-страна, бидејќи тие имаат свои сопствени политики на приватност како и своја заштита и користење на податоците.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ ЗА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Со оглед на фактот што една од целите на mladipretpriemaci.mk платформата е собирање на средства за финансирање на социјални претпријатија, корисници на платформата може да бидат лица кои имаат навршено минимум 18 години.

За да пристапите кон користењето на платформата потребно е да изјавите дека имате наполнети најмалку 18 години. Доколку дојдеме до сознание дека корисник на платформата е лице кое нема наполнето 18 години, веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него.

ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Политика за приватност може да биде изменета и дополнета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Секој корисник ja има одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита евентуалните измени. Пристапот и продолжувањето на користење на нашата платформа од страна на корисникот, по влегувањето во сила на извршените измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа измените, дополнувањата и условите што се наведени во изменетата Политика на приватност.

КОНТАКТ

Доколку имате прашања или коментари во врска со Политиката на приватност или во врска со употребата на вашите лични податоци, ве молиме истите да ни испратите во електронска порака на адресата за заштита на личните податоци на следната е-маил адреса mladihub@gmail.com

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. View more
Прифаќам/Accept