Јавен повик за финансиска поддршка на социјални претпријатија

Јавен повик за финансиска поддршка на социјални претпријатија

Во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, отвораме повик за финансиска поддршка на социјални претпријатија во Република Северна Македонија.

За проектот:

„Социјално претприемништво за младинско вработување“ се стреми да обезбеди можности за градење капацитети за невработени млади лица, a истовремено да ги води низ процес на саморазвој и раст во полето на социјалното претприемништво како модерен начин на самовработување. Проектот ќе воспостави поволна средина за младинско социјално претприемништво со што би се намалила невработеноста кај младите; ќе ги зајакне компетенциите и капацитетите на ранливите млади; ќе го промовира социјалното претприемништво предводено од млади; ќе ги вклучи младите во социјалните претпријатија но и ќе обезбеди простор за прибирање средства за имплементација на нови идеи за социјални претпријатија. Проектот се стреми да ги зголеми вештините на невработените млади од ранливи категории притоа влијаејќи на нивната економска моќ, да го зголеми интересот на младите за социјално претприемништво преку креирање различни можности во оваа област, поголема онлајн и офлајн логистичка и техничка поддршка за социјалните претпријатија што ќе придонесе кон зголемен социо-економски развој на претпријатијата и нивните вработени, зголемени алтернативни начини за финансирање на социјални претпријатија што би резултирало со зголемен број на социјални претпријатија, зголемен број на национални стратешки документи кои предвидуваат мерки и активности за млади социјални претприемачи.

За повикот:

Целта на финансиската поддршка е да го зголеми квалитетот на младите лица во Република Северна Македонија преку нивно активирање во инклузивни социјални услуги, развој на иновативни технологии за инклузија на млади лица од ранливи категории и да поттикне економско зајакнување на социјални претпријатија предводени од млади.

Очекувани резултати од финансиската поддршка се:

  • Намалување на стапката на невработеност на младите лица;
  • Зголемување на бројот на инклузивни даватели на социјални услуги водени од млади;
  • Зголемена проодност на ранливи категории на млади на пазарот на труд;
  • Зајакнати капацитети на вработените во социјалните претпријатија.

Приоритетни теми на повикот:

Активностите што ќе бидат предложени мора да бидат во согласност со целите и приоритетите на овој проект, со целите на програмата Instrument for Pre-accession Assistance for Rural Development и мисијата на организацијата имплементатор.

Предвидено е да се обезбеди финансиска поддршка за апликации кои ќе се фокусираат на една од следните две области:

  • Област 1: креирање на нови младински социјални претпријатија;
  • Област 2: развој на иновативни технологии и унапредување на услуги/сервиси на постоечки социјални претпријатија кои помагаат за инклузија и вработување на млади Роми, млади без родителска грижа, млади со попречености, млади девојки, млади – излечени зависници од дрога.


Средства:

Вкупната сума за овој повик е 110 000 евра. Минималната сума која може да биде побарана е 5000 евра а максималната сума која може да биде побарана е 11 000 евра.

Поднесување на пријавите:

Пријавата за овој повик за оние кои аплицираат за област 1, достапна е на следниот линк.

Пријавата за овој повик за оние кои аплицираат во област 2, достапна е на следниот линк.

Целосниот повик е достапен на овој линк.

Пријавите се доставуваат најдоцна до 10 септември 2022г. до 16.00 часот на следната адреса: grants@nms.org.mk.

Прашања  во  врска  со  повикот  можат  да  бидат  поставени  исклучиво по писмен пат на e-mail: grants@nms.org.mkнајдоцна до 25.08.2022. Одговорите на поставените прашања ќе бидат објавени на www.nms.org.mk најдоцна до 28.08.2022 година.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. View more
Прифаќам/Accept