Ресурси за социјални претприемачи
Доколку имате идеја за социјално претријатие, но не знаете каде да се обратите, постојат неколку центри и институции кои функционираат на национално и на регионално ниво кои даваат поддршка за нови стартапи и социјални претпријатија.
Агенција за вработување на Република Северна Македонија
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), како главен чинител во областа на вработување ја спроведува Програмата за самовработување, наменета за невработените лица да започнат сопствен бизнис. Во рамки на програмата е планирано одделување на грант од 5.000 евра (за иднивидуален бизнис) и 10.000 евра со здружување, за набавка на опрема, како и можност за користење на другите мерки како и бизнис менторство во период од 12 месеци. Сите активни мерки кои ги нуди Агенцијата можете да ги најдете на следниот линк, додека Оперативниот план за 2022 година можете да го прочитате тука.
Национален центар за поддршка на социјалното претприемништво, Скопје
Националниот центар за социјално претприемништво нуди различни видови на поддршка за новоформираните социјални претпријатија во Северна Македонија. Националниот центар има своја фејсбук страница и истата можете да ја најдете на следниот линк. Освен во Скопје, поддршка нудат и Регионалните центри за социјални претпријатија, а тие се:
- Центар за развој на Југоисточниот плански регион, Струмица
- Центар за развој на Источен плански регион, Штип
- Центар за развој на Вардарски плански регион, Велес
- Центарот за развој на Североисточен плански регион, Куманово
- Центар за Развој на Полошкиот Плански Регион, Тетово
- Центар за развој на Југозападниот плански регион, Охрид
- Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, Битола
Агенција за поддршка на претприемништвото во Северна Македонија
Друга институција која имплементира активности за развој на претприемништвото е Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АППРСМ). Некои од нејзините најважни програми и активности се системот за ваучерска поддршка и советување и обуки за претприемачко образование и подготовка на бизнис план.
Програмата за ваучерско (субвенционирано) советување нуди подршка на потенцијални претприемачи и на постојни претпријатија кои сакаат да реализираат некоја бизнис идеја. Ваучерскиот систем на советување го поддржува обезбедувањето услуги на советување и развој на деловна активност во форма на ваучери. Ваучерите им дозволуваат на корисниците да изберат овластени советници според методологија одобрена од АППРСМ. Помошта за самовработување се обезбедува бесплатно на невработените, додека поддршката за мали и средни претпријатија е во вид на грант, со 50% учество на основачот и 50% субвенција.
АППРСМ исто така обезбедува претприемачко образование и обуки за подготовка на бизнис план. Главна цел на овие обуки за подготовка на бизнис план е младите луѓе да се да се мотивираат да започнат сопствен бизнис, да се стекнат со претприемачки вештини и да се стекнат со знаење за клучните сегменти од бизнис планот.
Министерство за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика е носител на процесот за поддршка и развој на социјалните претпријатија. Министеството има креирано Национална стратегија за развој на социјалните претпријатија во Северна Македонија, и истата можете да ја погледнете на следниот линк.
Фонд за иновации и технолошки развој
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) нуди повеќе различни програми за поддршка на претприемништвото. Дел од програмите кои ги нуди ФИТР се кофинансирани грантови за технолошки развој, за подобрување на иновативноста, како и за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица. ФИТР неодомна го промовираше новиот инвестициски фонд под нивна иницијатива, кој би обезбедил крупни финансии за нови стартапи и социјални претпријатија.
Анализи и публикации на тема социјално претприемништво
Доколку сакате да прочитате малку повеќе за состојбата на социјалното претприемништво во Северна Македонија, подготвивме за Вас листа на публикации и анализи на оваа тема. Дополнително, во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, во 2022 година подготвуваме многу активности, меѓу кои е и baseline study за социјални претпријатија во Македонија. Следете нѐ на социјалните мрежи за навремено да дознаете за сите можности во следниот период!
Анализа на капацитетите на социјалните претпријатија во Северна Македонија: Студија за политиките
Од подобра правна рамка кон растечка класа на социјални претприемачи во Македонија