Short Story

Овој накит е изработен со многу љубов 💝 и внимание 🫶од страна на млади креативци со попреченост, кои учествуваа на нашите работилници во рамките на проектот „Зајакнување на можностите“ со цел да стекнат нови вештини за да станат финансиски независни. 💪 Тие нижеа монистри📿и ги градеа своите капацитети а со ваша помош може да нижат успеси и да почувствуваат како е да се вреднува нивниот труд. 🙌

Скопје, Maqedonia e Veriut

НИЖЕМЕ УСПЕСИ

1,000den Pledged
3 Backers
Raised:
10.00%
Goal: 10,000den
Minimum amount is ден200 Maximum amount is den
den
5 Campaigns | 0 Loved campaigns

Story

Ова е совршена прилика да ги израдувате матурантите со еден посебен подарок и да им поклоните нешто повеќе од украс, парче од нашата пријателска приказна! Се надеваме дека ќе го најдете она парче кое вистински ви се допаѓа и ќе бидете дел од ова инклузивно дружење! 🥹 

Секое дело беше создадено со заемно помагање🤝, во прекрасна атмосфера 🎉и пријателски дух🫂, со што докажавме дека кога се твори, инспирацијата нема граници и креативноста не знае за пречки. 🥰 Ако решите да купите од овој накит и да ги поддржите нашите креатори, ќе поседувате симбол за солидарност, инклузија и парче полнооо со позитивна енергија!🍀

🔸Ѓердан – 300 денари
🔸Алка – 200 денари
🔸Сет (ѓердан + алка) – 500 денари

Сите средства од продажбата ќе бидат подеднакво поделени помеѓу лицата со попреченост кои зедоа учество на работилниците за изработка на накит. 

Како да порачате:
💠Одберете ја сумата во зависност од накитот кој го бирате.
💠При плаќањето во коментар наведете кој број на производ го бирате.
💠
Доколку сакате да земете повеќе парчиња, искалкулирајте ја сумата, платете наеднаш за сите, и во коментар наведете кои производи ги одбирате
💠Откако ќе го извршите плаќањето, исконтактирајте не на мејл или социјалните медиуми на Крик за да се договориме за подигнување на накитот или достава.

👉Накитот може да се подигне во Центарот за младински активизам Крик, во Црниче, на ул. Наум Охридски бб, или да ви го доставиме по пошта.

🎁Како подарок, за првите 10 купувачи следува украсна кутија за накитот.

Доколку сакате дополнително да не поддржите, ве охрабруваме да го споделите овој пост на вашите социјални медиуми или да го испратите на вашите најблиски. 😍

За да дознаете повеќе посетете ја нашата веб страна: https://www.krik.org.mk/
За да се запознаете со нашите активности упатете се на нашите FB и IG профили:
https://www.facebook.com/CYA.KRIK/
https://www.instagram.com/cya_krik/
За било какви прашања – исконтактирајте не на емаил infokrikcenter@gmail.com

Активностите се во рамки на проектот „Зајакнување на можностите“ спроведен од ЦМА Крик како дел од проектот „Млади агенти за промена“ координиран од Center for Intercultural Dialogue (CID)– Куманово, во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia и Центар за истражувања и анализи НОВУС / Center for research and analysis – Струмица, со финансиска подршка од Европската унија. Целта на проектот е градење на капацитетите на младите луѓе со или без попреченост во областа на создавање занаети и поддршка за нивната финансиска независност. #fundedbyEU