Short Story

Зајдисонце на плажа🌅, мирисот на езеро🌊, другарувањето покрај логорски оган🔥, кајакарење🚣, кампување во природа🏕️ и глетката на ѕвездите во лето🌠. За многу лица кои живеат со попреченост, ваквите, наизглед едноставни радости, остануваат недостижни. Секој заслужува летна авантура и затоа ја започнуваме нашата иницијатива: “Остваруваме летување.” Со Извидници, нашата цел е да е да докажеме дека преку заедничка акција, одморот може да биде достапен за сите и да го отклучиме светот на патувањето за оние со попреченост, овозможувајќи им истражување и опуштање кое многумина од нас го земаат здраво за готово.

 

, Maqedonia e Veriut

Остваруваме летување за лица со попреченост

16,850den Pledged
23 Backers
Raised:
8.02%
Goal: 210,000den
Minimum amount is den Maximum amount is den
den
5 Campaigns | 0 Loved campaigns

Story

Низ минатите години ЦМА Крик традиционално организираше „Летни младински инклузивни кампови“ во кои земаа учество млади лица со и без попреченост, со цел да создадеме инклузивно летување и да другаруваме под ѕвезденото небо во природа⛺. Од минатата година, започна и нашата нова иницијатива „Одмори се“ со цел да обезбедиме одмор за нашите постари и повозрасни корисници со попреченост кои прв пат патуваа, пливаа во езерото и јадеа сладолед на плажа🍦. Поради сите наши прекрасни спомени, оваа година, заедно со Извидници, ги здружуваме силите и овие две иницијативи за да обезбедиме ОДМОР ЗА СИТЕ!🙌

Запознајте ги нашите другари!💚

 

 

👉Зошто ова е важно?

Патувањето и одморот не се само луксузи; тие се суштински за човечкиот дух. Тие ги обновуваат нашите души, ги прошируваат нашите перспективи и создаваат скапоцени спомени. Сепак, лицата со попреченост често се соочуваат со големи препреки, од непристапни средства за патување до дополнително финансиско оптоварување поради специјализирани сместувања и грижа. Не станува збор само за прилагодување на физичките простори, туку за негување на инклузивна средина каде сите можат да уживаат во убавите искуства на животот.

 

💡Нашата визија

“Остваруваме летување” не е само иницијатива за собирање средства; тоа е движење кон инклузивност и радост кое се стремиме да прерасне во долгогодишна традиција. Замислуваме свет каде возбудата од авантурата и мирот од летното патешествие се достапни за сите, без разлика на физичките или когнитивните предизвици. Со собирањето средства, целиме да ја покренеме свеста за бариерите со кои лицата со попреченост се соочуваат на дневна база и притоа се залагаме за пристапно патување и прилагодена поддршка, осигурувајќи безбедно и безгрижно искуство на одмор за лицата со попреченост.

 

🤝Вашата улога во ова патување

Вашиот придонес ни значи, без разлика дали доаѓа во форма на финансиска поддршка или споделување на оваа иницијатива со вашите блиски. Преку оваа кампања ќе го финансираме нивното сместување, патување, храна и професионална поддршка. Еве како можете да бидете дел од ова трансформативна акција:

 

✨Донирајте: Секој денар ни значи и секоја сума е добредојдена!
За донации над 500 денари – ви подаруваме накит од монистра
За донации над 1000 денари – ви подаруваме уметничка слика
Делата се изработени од нашите корисници со попреченост со многу љубов и внимание.

 

💌Споделете: Споделете со вашите колеги, пријатели, познаници. Објавете на социјалните медиуми и замолете ги вашите другари да го направат истото, со цел да стигнеме до сумата која ќе ни овозможи да ги испратиме на летување сите наши другари со попреченост.


🫡За нас
Пред КРИК да отвори 3 мали групни домови со вкупно 15 лица со попреченост, нашите корисници живееја во голем специјален завод за лица со интелектуална попреченост. Со здружени сили создадовме поддржувачка околина за нив заедно со негуватели, окупациони терапевти и физиотерапевти, се со цел тие да бидат дел од заедницата преку активности во населбите и работна терапија. Нашиот центар е дополнително посетуван од лица со попреченост кои имаат можност да учествуваат во бројни активности, каде создаваат музика, рачно изработен накит од монистра, учат вештини за вклучување во пазарот на трудот, и најважно од се формираат пријателства и не се изолирани од надворешниот свет. 

 

💠За да дознаете повеќе посетете ја нашата веб страна: https://www.krik.org.mk/
💠За да се запознаете со нашите активности упатете се на нашите FB и IG профили:
https://www.facebook.com/CYA.KRIK/
https://www.instagram.com/cya_krik/
💠За било какви прашања – исконтактирајте не на емаил infokrikcenter@gmail.com