Краток опис


По повод меѓународниот ден на жената – 8 март, во окупациониот центар Крик во Црниче, се одржаа 4 работилници „Насликај инклузија“ на кои беа насликани 49 уметнички дела од девојки и жени со попреченост и типичен развој.

Преку иницијативата „Подари инклузија“, им овозможуваме на сите оние кои сакаат да ги поддржат младите уметници, да си купат една од сликите како подарок за 8-ми март, за себеси или за жените во својот живот.

Средствата од продажбата ќе бидат еднакво распределени за сите учеснички на работилниците, затоа што сме инклузивни до крај, и нашата крајна цел е овие жени да се здобијат со финансиска независност за понатамошно надградување на нивните креативни вештини.

Доколку се одлучите за слика, напишете го бројот на сликата во коментарот при плаќањето.
Откако ќе го извршите плаќањето, стапете во контакт со Крик профилот на инстаграм, фејсбук или на мејл, со цел да извршиме достава на истата.

https://www.facebook.com/CYA.KRIK/
https://www.instagram.com/cya_krik/
mail: infokrikcenter@gmail.com

 

Скопје, Северна Македонија

ПОДАРИ ИНКЛУЗИЈА ЗА 8-МИ МАРТ

3,450ден Собрани
7 Донатори
0 Преос. денови
Собрани средства
13.80%
Цел: 25,000ден
Minimum amount is ден450 Maximum amount is ден750
ден
4 Иницијативи | 0 Им се допаѓа иницијативата

За нас


Овој 8-ми март, наместо цвеќе поклони уметничко дело изработено од жени со попреченост и типичен развој и поддржи ги нашите млади уметници кои колективно твореа здружени во една кауза – да насликаат инклузија!

Можеби сме пристрасни бидејќи имавме можност да присуствуваме додека се креираа овие слики, но за нас овие дела се повеќе од украс за на ѕид. Тие се симбол за еден момент во историјата, кога во една мала земја, во уште помала соба, беа собрани група на девојки и жени, со различни животни приказни и заедно креираа, си помагаа, учеа да творат, споделуваа емоции и создаваа уметност.

Доколку одберете да купите слика го земате тој симбол со себе и му давате ново значење – дека таа емоција е вреднувана од набљудувачот и споделена со уште една жена. Би биле уште порадосни ако таа жена сте вие и одлучите да си подарите нешто автентично за себе а притоа помогнете на другите жени да се вреднува нивниот труд.

Ве охрабруваме внимателно да се задлабочите во сликите бидејќи нашиот подарок за секој купувач е можноста да се именува избрана слика и делото да добие ваш печат. Бидете креативни со нас, и одберете збор, чувство, име, порака, нешто што ќе ви прелета низ умот кога ќе се поврзете со делото кое ви оставило најсилен впечаток. 

Вистинската валидација на нашите уметници е нивните дела да остварат конекција со купувачите, а финансиската валидација од секоја продадена слика ќе им овозможи дополнително да се надградуваат. Собраните средства ќе бидат подеднакво распределени помеѓу сите учеснички на работилниците бидејќи остануваме инклузивни до крај! 🙌

Сликите се работени со посебна акрилна техника на платно.
Димензиите на платната се 20×30 и 30x40cm.
Цените на сликите се : 450ден за сликите со димензии 20×30, и 750 за сликите со димензии 30×40.

Сликите може да ги подигнете во Окупациониот центар на Крик во Црниче, или со достава во износ од 130 денари, на трошок на купувачот во рок од 1 ден.

Активностите се финансирани преку MladiHub Проектот „МладиХаб – Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија“ кој го спроведуваат Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM и Stella Network, со финансиска поддршка од страна на Британската амбасада во Скопје – British Embassy Skopje.

Целта на активностите во овој проект е поттикнување финансиска независност на млади девојки со и без попреченост, преку градење на нивните капацитети за вклучување во пазарот на трудот.